Malu.Рент-а-кар софтвер SR Пробајте бесплатно

Софтвер за рент-а-кар агенции

Целата флота и сите резервации на еден екран.

Распоред на возилата, резервации, договори и регистрации во една апликација, на телефон и на компјутер. Наместо тетратка, Excel табела и пораки расфрлани по Viber.

Секојдневно во употреба во рент-а-кар агенција во Скопје

Распоред на возилата
5 – 18 октомври
На чекање Потврдена Издадена
Распоред: секое возило, секој ден. Пример со измислени податоци.

Функции

Сè што агенцијата прави во текот на денот, на едно место

Направено заедно со агенција која изнајмува возила секој ден, на аеродром и во град. Нема функции што никој не ги користи.

Резервација и договор за две минути

Внесувате клиент, возило и датуми. Цената се пресметува сама, со додатоците, а договорот е спремен за печатење или праќање.

  • Возач, дополнителен возач, пасош и возачка дозвола
  • Број на лет и место на подигнување
  • Седиште за дете, втор возач, преминување граница
  • Договор во PDF или Word, со еден клик
  • Порака до клиентот на WhatsApp, веќе пополнета
Резервација #0142
Ана Николовска · примена преку WhatsApp
Потврдена
  1. На чекање
  2. Потврдена
  3. Издадена
  4. Вратена
ВозилоŠkoda Octavia · SK 2140 KT
ЛетW6 4371
Подигнување10.10. во 09:30 · Аеродром Скопје
Враќање14.10. во 09:30 · Аеродром Скопје
4 дена × 35 €140 €
Седиште за дете, 4 дена × 5 €20 €
Преминување граница30 €
Вкупно190 €
Договор PDF Word Печати
Резервација со пресметка и договор. Измислени податоци.

Денешните подигнувања и враќања, во џеб

Кој доаѓа, во колку часот, со кој лет и каде го чека автомобилот. Го отворате телефонот и знаете што ве чека денес и утре.

  • Преглед за денес и утре
  • Известување на телефон за секоја нова резервација
  • Повик или порака до клиентот со еден допир
Денессреда, 7 октомври
Подигнувања 2
Враќања 1
Стефан ЈовановскиFiat 500 · Аеродром
OS 773
Драган ВасилевскиToyota Yaris · Центар
Враќања
Марко ПетровскиŠkoda Octavia · Аеродром
Нова резервација #0143VW Golf 8 · 15–18.10. · од веб-страницата
Мобилен преглед на денот. Измислени податоци.

Регистрации што нема да истечат незабележано

Системот следи кога истекува регистрацијата на секое возило и ве предупредува навреме. Покрај тоа, гледате колку заработува секое возило.

  • Список на регистрации со број на преостанати денови
  • Приход и број на денови по возило, за кој било период
  • Документи кон секоја резервација, на едно место
Регистрации
1 истечена
ВозилоИстекуваСтатус
Renault ClioSK 6122 VD5.10.2026Истечена пред 2 дена
Dacia DusterOH 3301 PR12.10.2026За 5 дена
VW Golf 8SK 8871 MS3.12.2026За 57 дена
Регистрации и извештај за приходи. Измислени податоци.
  • Веб-страница со онлајн резервација

    По желба добивате и веб-страница на која клиентите избираат автомобил и датуми. Резервацијата стига директно во системот. Пример: debarentacar.mk.

  • База на клиенти

    Секој клиент со историја на резервации. Сталниот клиент се наоѓа за неколку секунди и не се внесува повторно.

  • Календар за две недели

    Брз преглед кој зема и кој враќа автомобил, ден по ден, за целиот тим.

  • Канал на резервацијата

    Гледате дали резервацијата дошла преку е-пошта, Viber или WhatsApp и од каде ви доаѓаат клиентите.

Видео

Погледнете како работи, за две минути

Две минути. Сите податоци во видеото се измислени.

„Порано резервациите се водеа во тетратка и на два телефона. Сега сè е во еден систем и ништо не се заборава.“

Никола Н.Сопственик, Deba Rent a Car, Скопје
  • 40возила во флотата
  • 2аеродроми, Скопје и Охрид
  • 0тетратки и Excel табели

Како почнуваме

Пробате на своите возила, па одлучувате

  1. 1

    Краток разговор

    Петнаесет минути во живо, преку видео повик или телефон. Ви ја покажувам апликацијата и слушам како работите сега.

  2. 2

    Ги внесувам вашите возила

    Ми праќате список на возила и цени, може и во Excel. За еден до два дена системот е спремен.

  3. 3

    14 дена бесплатно

    Работите со вистински резервации. Ако не ви одговара, не плаќате ништо и ги добивате своите податоци во Excel.

Цената зависи од големината на флотата и се плаќа однапред за 3, 6 или 12 месеци, без скриени трошоци. Хостингот, ажурирањата и поддршката се вклучени. Точната цена ја добивате на разговорот.

Прашања

Најчести прашања

Дали треба нешто да инсталирам?

Не. Апликацијата работи во прелистувач на компјутер и на телефон. Серверот, резервните копии и ажурирањата се моја грижа.

На кој јазик е апликацијата?

Апликацијата е на македонски и на англиски. Договорот за изнајмување го подготвувам според вашиот постоечки образец.

Можам ли да ги пренесам постојните податоци?

Да. Возилата, цените и сталните клиенти ми ги праќате во Excel или како фотографија од тетратката, а јас ги внесувам.

Можам ли да користам повеќе телефони?

Да. Ги додавате телефоните на вашите луѓе и известувањата за нови резервации стигнуваат до секој од нив.

Кој ја одржува апликацијата?

Јас лично. Разговарате директно со програмерот кој го направил системот, без посредници и без чекање на тикет.

Како се плаќа?

Однапред за избраниот период, со банкарски трансфер. Пред плаќањето склучуваме договор.

Контакт

Пробајте 14 дена бесплатно.

Пишете ми на Viber или WhatsApp колку возила имате и каде работите. Обично одговарам истиот ден.